Коцевски: СДСМ е голем поддржувач, креатор и спроведувач на реформите во локалната самоуправа

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на денешната трибина посветена на состојбите во локалната самоуправа истакна дека СДСМ е голем поддржувач, креатор и спроведувач на реформите во локалната самоуправа.
“Скоро сите реформи во локална самоуправа се носат во време кога СДСМ е на власт. Најважните закони за локална самоуправа се носат со Влада предводена од СДСМ и доколку сега наскоро немаше избори ќе се донесеа уште за што ќе беше потребна промена за 30 до 50 закони”
“Локалната самоуправа е темел на вредност на уставниот поредок. Нема демократија без развиена локална самоуправа и не треба да се третира како паралелна власт на цантралната власт , ниту како конкурентна власт туку како посебна власт”, рече Коцевски.
Коцевски смета дека нашата земја ги нема искористено сите поетенцијали кои се нудат за развој на земјата и дека најголемите работи општините кои треба да ги направат е со закон да нудат квалитетни и брзи услуги за граѓаните.
Коцевски кажа дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребила законот за териротијална организација, нудејќи лажни ветувања.
“Се сеќавате како дојдоа на власт во 2006 година со злоупотреба на претходно донесениот закон за територијална организација и со лажно ветување дека кога ќе дојдат на власт ќе го укинат законот и ќе ги вратат претходно укинатите општини. Се сеќавате дека тоа ниту го направија ниту пробаа да го прават , ниту помислија тоа да го прават, тоа им беше само предизборна мамка за да ги излажат граѓаните како што и сега впрочем лажно ветуваат дека ќе го укинат Преспанскиот договор, ќе го поништат потпишаниот договор со Бугарија, но јас верувам дека сега граѓаните се свесни за лажните ветувања и ќе можат се тоа добро да го проценат и да го казнат”, рече Коцевски.
Ново на Сител
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
