Мизрахи – Тимоние: Поддршка во борбата против поделбите и сегрегација во општеството по сите основи
Борбата против поделбите и сегрегација во општеството по основ на религија, етничка припадност и останати основи се дел од темите на кои се разговараше на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи со францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние.
Францускиот амбасадор се интересирал за функционирањето на администрацијата за време на техничката влада, како и за ефикасноста на Пржинскиот договор на влада за организирање на фер и демократски избори и за потребата за негово унапредување.
Министерката Мизрахи го информирала амбасадорот за сите предизвици со кои се соочува таа како министер, но и како жена во период на функционирање на техничка влада, но и во услови на големи поделби во општеството.
Двајцата соговорници, соопшти прес-службата на МТСП, заеднички ја потврдиле важноста и заложбите за унапредување на родовата еднаквост и потребата од идна соработка во превземање на афирмативни мерки за зајакнување на местото и улогата на жените во општеството.
Ново на Сител
-
Најстудено утро на Попова Шапка и во Маврови Анови, во Гевгелија најтопло
-
Николоски ќе присуствува на дочекот на првиот чартер лет на „Freebird Airlines“ на аеродромот во Скопје
-
Македонска делегација предводена од премиерот Мицкоски учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Протестен марш „Кој е следен“
-
Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО
-
Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи
-
Австралија воведува двегодишна забрана за странци за купување недвижен имот
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд