СДСМ: Со новиот колективен договор на над 17.000 административни службеници ќе им се исплаќа К-15
Правата на вработените во приватниот и во јавниот сектор се врвни приоритети на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за што изминатиот период интензивно работевме и работиме на нивно унапредување.
Со потпишувањето на Гранскиот колективен договор меѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), се уредуваат
Колективниот договор на вработените меѓу другото им гарантира флексибилно работно време, исплата на регрес за годишен одмор, дневници за службено патување, платено отсуство заради лични и семејни околности, како и плата за време на штрајк.
До крајот на годинава вработените ќе добијат К-15 во износ од најмалку 9.000 денари
Со овој колективен договор се опфатени околу 17.700 вработени во органите на државната управа, судовите, јавните обвинителства, казнено поправните домови, локалните самоуправи, агенциите и други органи основани од Собранието на Република Македонија.
Почитувани,
Социјалниот дијалог претставува обединувачки механизам за социјалните партнери, а потпишувањето на гранскиот колективен договор меѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Синдикатот на УПОЗ покажува дека Владата го става интересот на работниците како највисок приоритет.
СДСМ како одговорна партија која се грижи за правата на работниците и натаму ќе продолжи со заложбите коишто гарантираат подобри услови за работа на сите вработени и во јавниот и во приватниот сектор како и за спречување на злоупотребата на работничките права.
На прав пат сме...
Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ
Ново на Сител
-
И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
-
АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп
-
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош
-
Детектор анкета: Американската црна листа поттикнува истраги во Македонија
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Струмица, стапуваат во сила мерки и препораки
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека