Кон крајот на март ќе заврши реконструкцијата на објектот Пепелашка
Кон крајот на март ќе биде завршена реконстукцијата на објектот Пепелашка, клон на градинката „Кочо Рацин“, соопшти на вчерашната седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот на Општината Саша Богдановиќ одговарајќи на прашање од советниците.
Советниците, како што соопштија од Општината, се интересирале до каде е реконструкцијата на детското игралиште „Славка Недиќ“ и на тоа прашање градоначалникот истакнал дека постапката за ревизија на основниот проект е завршена, а во март, откако постапката за јавни набавки ќе заврши, ќе започнат теренските активности.
На прашањето за субвенционирање на велосипеди кои ги доделува Општина Центар, Богдановиќ истакнал дека вкупната бројка на доделени субвенции за велосипеди во периодот од две години изнесува 598, односно, дека сите барања и апликации се во целост реализирани, додека во измината година доделени се вкупно 66 субвенции за електрични тротинети.
Советниците го посочиле и прашањето за хортикултурното уредување на Сквер Јадран на што градоначалникот и службите одговориле дека кон крајот на април ќе започнат теренските активности за хортикултурно уредување и хуманизирање на просторот, додека за започнување на процесот на изградба на монтажниот паркинг во Дебар Маало потребни се дополнителни согласности и одговори од страна на други институции.
– Точки на дневниот ред за работа на седницата беа предлог-одлуките за детската градинка „Лилипут дворче“, утврдувањето на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорите на јавните установи за деца, усвојувањето на одлука за организација и начинот на наплата на јавните паркиралишта на Општина Центар, како и предлог – одлука за одобрување парична помош за лекување, се наведува во соопштението од Општина Центар.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ: Можеби веќе нема да се вратам на теренот во Мадрид
-
ЈО: Загинатиот мотоциклист во Чаир немал дозвола и заштитна кацига и возел брзо
-
21-годишен штипјанец со тврд предмет нападнал полицајка во Скопје
-
16-годишен мотоциклист загина откако се судри со електричен тротинет
-
ЦУК: Вкупно 1 666 повици на 112 во последното деноноќие
-
Кратовчанец возел со 2,28 промили алкохол во крвта и се обидел да и побегне на полицијата
-
Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани
-
Верниците од денеска ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск