Државниот долг за 2019 намален, јавниот долг стабилизиран и понизок од проекциите
Државниот долг во 2019 година е намален за 0,4 процентни поени во однос на 2018 година и изнесува 40,2% од БДП, покажуваат последните, денес објавени податоци на Министерството за финансии.
Јавниот долг е стабилизиран и умерен и тој изнесува 48,9% од БДП. Во 2016 година јавниот долг изнесувал 48,8% од БДП. Ако се земе предвид дека во јавниот долг во 2019 е вкалкулиран и негарантираниот долг (од 0,3 процентни поени), кој претходно не бил сметан, во 2019 долгот е на пониско ниво во однос на 2016 година за 0,2 процентни поени.
Инаку јавниот долг во 2019 година заврши под проекцијата на ревидираната Фискална стратегија 2020 од 49,3%. Проекцијата во Фискалната стратегија 2017-2019, подготвена во 2016, за 2019 изнесувала 56%, односно за 7 процентни поени повеќе.
За разлика од брзорастечкиот јавен долг од 2008 до 2016 година, кога истиот се удвоил од 23% на 48,8% од БДП, сега тој е стабилизиран, што може да се види и од кривата на долгот.
Стабилизацијата на долгот се должи на водењето на прудентна политика за јавен долг која ги таргетира компонентите кои го креираат долгот: 1.буџетскиот дефицит, преку негова консолидација и 2.сервисирањето на старите долгови.
Ако порано буџетскиот дефицит достигнувал до 4% од БДП, годинава тој е проектиран на 2,3%, а следните две години ќе се намали на 2% од БДП. Со тоа ќе се стесни просторот за финансирање.
Бројот на аукции на државните хартии од вредност исто така е преполовен. Каматните стапки се неколкукратно намалени, така да со пониска камата се рефинансираат старите издадени државни хартии од вредност кои доспеваат.
Ново на Сител
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител