Ворен Бафет се откажа од бизнисот со печатени медиуми
Милијардерот Ворен Бафет реши да се откаже од бизнисот со печатените медиуми, јавија американски медиуми.
Бафет ќе ги продаде сите изданија на Беркшир Хатавеј на Ли Ентерпрајзес за 140 милиони долари, вклучувајќи го и Омаха Ворлд-Хералд, што е во Небраска, како и Њујоршкиот Бафало њуз.
Бафет, кој бил обожавател на весници, веќе неколку години најавува дека повеќето од нив ќе продолжат да одат надолу, со исклучок на неколку национални весници, како „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит журнал“.
Договорот за продажба опфаќа 30 дневни весници во 10 земји, 49 неделни весници со дигитални страници и 32 други печатени производи.
Бафет, кој е претседател и извршен директор на Беркшир, рече дека тој и неговиот партнер Чарли Мунџер одамна имаат почит кон Ли.
Печатените медиуми се мал дел од Беркшир Хатавеј, кој поседува повеќе од 90 разновидни компании и има огромни инвестиции во компании како Кока-Кола, Епл и Велс Фарго.
Портфолиото на изданија на Ли ќе се зголеми на 81-дневно издание, што скоро ќе го удвои неговиот сегашен обем на читатели, соопшти компанијата.
Договорот се очекува да биде склучен кон средината на март.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода крадци во Пробиштип
-
Никотинските ќесички и понатаму главен тренд кај младите, а за ризиците по здравјето малку се знае
-
Шолц: Предлогот на Трамп за раселување на Палестинците од Газа е неприфатлив
-
Во Приштина откриена лабораторија за фалсификување документи, запленети илјадници исправи од над 50 земји
-
Прв телефонски разговор меѓу Калас и Рубио, темите биле Украина, Иран и Кина
-
Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид
-
Во Берово најстудено, измерени -2 степени
-
Украина ноќеска со дронови нападнала нафтени и енергетски постројки во западна Русија