Свет
27. January 2020 - 8:54

Коби Брајант и неговата ќерка загинаа во хеликоптерска несреќа

Еден од најголемите кошаркари и спортисти на сите времиња настрада во хеликоптерска несреќа, пренесуваат најпознатите светски медиуми. Големата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс на летот бил со уште осум лица.

Сите надежи дека станува збор за лажна вест исчезнаа кога стигна потврда од полицијата во Лос Анџелес. За жал вечерва потврдено е дека во хелиоптерот со Коби била и неговата 13-годишна ќерка Џиана. Покрај нив, животот во несреќата го загубија и Кристина Маусер (тренер), Џон Алтобели (бејзбол-тренер), заедно со неговата сопруга Кери и неговата ќерка Алиса, член на академијата на Брајант.

Bild auf Twitter anzeigen

Тие патувале на женски кошаркарски натпревар во млади категории на кои требало да играат Џана и нејзината другарка. Џиана Марија, која настрада во хеликоптерската несреќа, е втората најстара ќерка на Коби.

Синоќа во 23:00 часот беше одржана прес-конференција од американската полиција на која беа објавени повеќе детали од трагедијата која го потресе светот.

Смртта на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња го потресе кошаркарскиот свет, а поранешниот НБА играч Амари Стадемајер веста ја дозна во текот на дебито за Макаби Тел Авив.

Поранешната НБА ѕвезда остана без зборови. Низ солзи само повторуваше дека не може да верува.

Eingebettetes Video

Иако постоеше можност поради смртта на Коби Брајант некои натпревари во НБА да бидат одложени тоа не се случи.

Трагичната смрт на легендарниот кошаркар ги погоди спортистите ширум светот, посебно оние на кои Коби им беше спортски идол.

Во текот на натпреварот помеѓу Денвер и Хјустон камерите снимија моменти кога на дел од играчите тешко им падна прераната смрт на поранешниот член на ЛА Лејкерс

Eingebettetes Video

Неверојатен е податокот дека токму синоќа еден од неговите најголемите пријатели, Леброн Џејмс го помина на листата на поентери во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот. Последната порака на Коби за светот беше упатена токму кон Леброн.

„Продолжи да ја менуваш играта Кралу Џејмс. Голема почит за тебе пријателе 33 644“, напиша Коби на Твитер.