Стартуваат превентивни мерки против коронавирусот, надлежните тврдат дека нема простор за паника
Превентивни мерки против корона вирусот кој предизвика глобална загриженост, од денеска ќе се спроведуваат на Меѓународниот аеродром Скопје. Со термална камера ќе се скенираат патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус. На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед на сомнителните патници.
Надлежните тврдат дека простор за паника од коронавирусот во земјава не постои, но Комисијата за заразни болести, сепак, заклучи по препораките на СЗО, да бидат преземат превентивни мерки.
-Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника. Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, тоа значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродорми. Ние ќе преземеме мерки на превенција и веќе од утре за летови од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со овој регион во Кина, патниците ќе се скенираат со термална камера, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Потенцира дека скопскиот аеродром согласно последните евалуации е оценет на највисоко ниво и дека ги задоволува највисоките стандарди на детекција, рано препознавање и рана изолација доколку кај пациентите потенцијални заразени се најдат вакви симптоми.
Со оглед на тоа што е сезона на грип се очекува и многу лажни позитивни резултати и тие ќе бидат пуштени на домашно лекување. За луѓето, потенцијални пациенти, што доаѓаат од регионот на Кина, од регионот на Вухан, а кај кои може да се јават симптоми, од денеска ќе биде објавен телефонски број на кој може да се јават за да бидат понатаму насочени каде да обратат во здравствениот систем, за да не се јавуваат по матични лекари и амбуланти со цел тој вирус доколку постои да не се прошири. Сите други пациенти кои имаат симптоми на грип ќе го пратат нормалниот процес од матичен лекар кон Инфективната клиника.
Ако има потреба, подготвен е план за лекување, изолација и карантин.
Епидемиолозите појаснуваат дека станува збор за вирус што дава многу слични симпотми на грипот. Може да помине со лесна средна форма, но и тешки форми и смртни последици, најчесто кај пациенти кои се постари со намален имунитет и пациенти што имаат хронични заболувања. Засега нема вакцина против коронавирусот и затоа се препорачуваат мерки на превенцијата за заштита.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 43-годишник од Србија, со мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот
-
При ископ во с.Калишта, струшко била пронајдена артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна
-
Приведени две лица од Бугарија на ГП Табановце, при гранички проверки пронајдена е дрога
-
50-годишна скопјанка пријавила дека била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед
-
Приведен 32-годишен скопјанец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-
Приведен 23-годишник од Велес кој нападнал девојче и полициски службеници, предложен притвор
-
Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија
-
Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, вели Мицкоски