- Од утробата на мајката извадив живо бебе со куршум во глава!
Абдул-Азиз, доктор од Сирија неодамна на германските новинари им раскажал страшна глетка. Сепак не губи надеж дека војната набрзо ќе заврши.
Сликите од оваа болница едвај може да се поднесат. Деца облиени во крв, без екстремитети, од стомаците им излегуваат црева. Овие слики се секојдневие за лекарот Абдул-Азиз кој работи во Алепо во Сирија. Лекарот неодамна на четири дена го посетил Берлин каде на новинари од Билд им раскажал за стравот и ужасната глетка со која секој ден се соочува.
Болницата во која работи толку многу пати е нападната што веќе престанал да брои. Кажал како уште од почетокот на војната болниците се бомбардирани па лекарите денеска работат на отворен простор, односно во бункерите и во подрумите.
- Во Алепо живееш сигурно само ако не се задржуваш во болниците - вели лекарот.
Додава како болниците пробуваат да ги заштитат со цемент и вреќи песок, но бомбите и натаму ги разрушуваат ѕидовите. Состојбите на болниците се држи во тајност, доколку режимот дознае што се случува во нив, повторно ќе ги нападнат. Вели дека режимот им забранил да помагаат на ранетите бунтовници.
Лекарите кои ги открија дека помагаат на бунтовниците властите ги уапсија, од кои некои веќе се во затвор.
- Тројца студенти по медицина беа во затвор една недела а после тоа се запалени. Нивните тела ги пронајдовме на улица. Еден колега во затвор беше шест месеци. Телото му беже толку унаказено така што неговиот брат, едвај го препозна - раскажал Абдул-Азиз. Откако почнале борбите во градот, лекарите болници отварале во џамиите, училиштата и подрумите.
Лекови и медицинска опрема добиваме од меѓународните организации преку турската граница. Но ни недостасуваат луѓе. Во градот останаат околу 30-тина лекари. Специјалисти нема, сите работат а медицинските техничари работат како анестезиолози додека адвокатите и професорите доброволно асистираат на операциите. Вели дека ситуацијата откако Русија се вклучила станала полоша.
- Нивните бомби понекогаш експлодираат одредено време откако ќе паднат, па често убиваат луѓе кои доаѓаат да пружат прва помош - вели Абдул. Среќен е што неодамна успеале да спасат девојче со куршум во главата кој ја погодил додека била во утробата на мајката.
- За прв пат ни успеа, претходно неколку пати вадевме мртви бебиња кои имаа куршуми во главите, но сепак не губи надеж.
- Војната еден ден ќе заврши, како и секоја друга, а тогаш ќе отворам свое училиште. Младите ќе се вратат да живеат во својата земја, завршил Абдул-Азиз.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
