Европските лидери апелираат за заеднички одговор на безбедносните закани
Европските лидери денеска предупредија дека безбедносната сосојба во Европа е сложена и кревка по минатомесечните напади во Париз, при што загинаа 130 луѓе.
Лидерите кои во Белград присуствуваат на министерската средба на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изјавија дека само еден глобален одговор може ефикасно да се спротистави на заканата.
- Состојбата е многу опасна, а слободата и стабилноста се многу кревки, изјави шефот на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмејер, апелирајќи за единство.
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини изјави дека заканите стануваат глобални и не признаваат граници и оти поради тоа е потребна соработка.
- Безбедноста во Европа бара поголем степен на соработка и поефикасен светски поредок. Тероризмот претставува директна закана за земјите и народите без оглед на етничката припадност, религија или вера или националност, посочи Могерини.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка