Со кауција ослободени новинарите на Анадолија

Новинарите на турскара државна новинска агенција Анадолија, кои во средата беа уапсени во Каиро, ослободени се синоќа со кауција од по 630 американски долари.
Четворицата новинари се обвинети за емитување на погрешни информации за Египет.
Египетското Министерство за внатрешни работи оцени дека дописништвото на Анадолија „е фасада за базата на хакери, чија цел е емитување лажни вести“, истакнувајќи дека новинарите се уапсени поради давање погрешна слика за Египет.
Египетската полиција пред два дена уапси тројца египетски и еден турски државјанин кои работат за Анадолија, во главниот град на Египет.
Турското Министерство за надворешни работи го осуди нападот врз канцеларијатра на Анадолија и апсењето на новинарите. Поради тоа беше повикан и вршителот на должност амбасадор на Египет во Турција на разговор.
– Египет е една од државите каде новинарите најлесно можат да бидат уапсени, заедно со Кина и Турција, оцени Комитетот за заштита на новинарите, со седиште во САД.
Апсењето на новинарите го осудија Европската алијанса за новински агенции и Асоцијацијата на балканските новински агенции – Југоисточна Европа.
Изминатите години египетските власти уапсија десетици египетски новинари и повремено протеруваат новинари, кога не им се допаѓа како пишуваат за Египет.
Односите помеѓу Каиро и Анкара се тензични по доаѓањето на власт на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Турција го поддржува движењето Муслиманско братство, чиј припадник беше соборениот шеф на државата Мухамед Морси. Од 2013 година Муслиманско братство е забрането во Египет.
Ново на Сител
-

Муцунски на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Брисел
-

Македонско-српски бизнис форум во Скопје на кој ќе присуствува и премиерот Мицкоски
-

Песков: Не разгледуваме привремено новогодишно примирје во Украина
-

Намалена видливост поради магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка
-

Собранието ќе ја одржи 72. седница, на дневен ред избор на претседател на ДКСК
-

Осомничениот за пукањето во Вашингтон обвинет за убиство од прв степен и напад
-

Трамп ја запира имиграцијата од 19 неевропски земји
-

Претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини и снег
