Во Албанија од дадени 353 концесии изградени само 53 ХЕЦ

Албанскиот министер за економски развој, Арбен Ахметај изјави дека повеќето од ХЕЦ дадени под концесија потфрлиле и според сите изгледи нема да се изградат.
- Од 353 издаени концесии функционираат само 53, додека останатите 300 потфрлија. Оние концесии не успеаја поради две главни причини. Првата е дека тие не дошле со проект,туку со злоупотреба на високата администрација и раководствата на министерствата. Втората причина е недостигот на средства. Да се даде некому концесија без финансиска подршка, тоа е злопупотреба, корупција, рече Ахметај.
Соочена со овој косокак, како што го на рече Ајметај, Владата се одлучи за промена на законот за концесии и јавно-приватно партнерство, кои, оцени тој, ќе ги спречи понатамошните злоупотреби.
- Некој можеше да дојде со три листови, со три парчиња хартија и да се каже дека е соодветен предлог. Од тука почнуваше злоупотребата. Сега администрација нема да прима минималисичка понуда. Сега ќе треба секој кој ќе сака да достави помнуда таа треба да биде комплетна, додаде министерот за економски развој.
Покрај зајакнувањето на гаранциите, новиот закон, според Ахметај, го скратува и времето за добивање дозвола за концесија и бирократските процедури, од 272 дена колку што е денес на 150 дена.
Исто така, новиот закон го отвора патот за концесии и заеднички инвестиции држава-приватник и во земјоделскиоот сектор, кој до сега беше исклучен.
Во недостиг на јавни финансиски средства, албанската влада се надева дека преку овој начин ќе привлече приватен капитал за финансирање.
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
