Ракомет
5. January 2020 - 9:06

Македонија ги продолжува подготовките без повредениот Велко Маркоски

 
За македонскиот репрезентативец Велко Маркоски дуелот со Словенија во петок беше кобен, по еден шут на словенечкиот репрезентативец Дејан Бомбач заврши во неговата глава. Маркоски денеска се враќа за Македонија, откако вчера му беа извршени прегледни на Очната клиника во Љубљана и по добиените резултати беше констатирано дека ќе мора да отсуствува 14 дена. По враќањето во Скопје Велко Маркоски ќе има и дополнителни прегледи.
Ова значи дека селекторот на Македонија Данило Брестовац нема да може да смета на Маркоски за ЕП во Австрија што секако е голем удар за нашиот национален тим особено ако се знае дека Маркоски е еден од главните играчи во одбраната.
Селекторот Брестовац последната проверка пред Европското ја има попладнево во дуел против Црна Гора, која вчера беше убедливо совладана од Словенија со 37:22.
Македонија првиот натпревар на ЕП во Австрија, Виена го игра на 10.јануари против Украина.