ВМРО – ДПМНЕ:СДСМ за три години ги понижи земјоделците и ги доведе до раб на преживување

СДСМ за три години ги понижи земјоделците и ги доведе до раб на преживување. Затоа сега СДСМ е во паника поради погрешните политики во земјоделието кои ги водеше изминатите три години.
СДСМ и Зоран Заев на земјоделците им ветуваа брда и долини. Ветуваа загарантиран откуп, поголеми откупни цени, нови пазари, ветуваа дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да им понуди на земјоделците.
Земјоделците од тоа не добија ништо. Немаше загарантиран откуп, немаше повисоки откупни цени, а немаше ни нови пазари. Родот наместо на пазарите заврши по улиците и буништата.
Проектот млад земјоделец целосно го утнаа, додека пак зелената нафта не ја добија ни половина од земјоделците, а и тоа што го добија беа ваучери од 500 денари, пари со кои не можат ни до бензиска да отидат не пак да ги обработуваат нивите.
Токму тоа е причината поради која СДСМ се исплашени затоа што на виделина ќе излезат сите нивни матни и криминални зделки во земјоделието поради кои земјоделците се на работ на егзистенцијата.
Набрзо СДСМ ќе стане само црно минато за земјоделците и за сите граѓани на Република Македонија. Следува време на чесни политики, со кои ќе се врати достоинството македонските граѓани. Следува обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
