Кривичниот суд бара измени во Законот за да се спречи кочење и застарување на судските процеси
Кривичниот суд бара со законски измени да се спречи постапките да почнуваат од почеток кога ќе дојде до промена на еден од судиите. Ако досега, како во случајот ТНТ, судењето треба да започне од почеток со сите докази и искази, сега судијата Туфекџиќ поддржан од дел од колегите, иницира при промена на на судечкиот совет,. новите судии со предметот да се запознаат на затворена седница а судењето веднаш да продолжи каде што застанало.
Во иницијативата објавена на веб страната на судот се вели дека на овој начлин ќе се спречи одолговлекуивање на постапките и застарување на кривичните дела.
Адвокатите пак не се согласуваат, со иницијативата. Сметаат дека една сзатворена едница, не е доволна за новите судии или судии поротници да се запознаат со случајот за да подоцна можат да донесат правична одлука.
Од Кривичен за сител велат дека следната недела иницијативата ќе ја достават до Министерството за правда и Владата.
Законот за кривична постапка се менува со 2/3 множинство од пратениците во Собранието.
-
Елена Милошовска
Сите содржини од овој новинар