Груби: ДУИ е за избори, очекува апсолутна победа

ДУИ со нетрпение ги очекува изборите и следната победа, изјави денеска во Собранието пратеникот на оваа партија Артан Груби.
– Убедени сме во апсолутна победа, посебно кај албанскиот блок и дека ќе станеме пресуден, одлучувачки фактор за формирање на следната влада и ќе бидеме гарант за трите договори, Охридскиот, Преспанскиот и Добрососедскиот, како и за реализација на програмата, нагласи Груби.
Тој потенцира дека ДУИ е за избори.
– Ние сме за избори. Ги очекуваме изборите, спремни сме, реформирани и готови да ја преземеме повторно одговорноста од граѓаните за реализација на нивните очекувања. Исто така, ги поддржуваме сите законски решенија, било да е тоа Законот за Армијата, Законот за ЈО, па дури и инкорпорирањето на препораките од ОДИХР и ОБСЕ во Изборниот законик кои би сакале да се усвојат во текот на јануари, по изборот на преодната влада, која ќе треба да ги организира изборите, рече Груби.
Тој очекува дека ова Собрание ќе го ратификува Протоколот за членство на нашата држава во НАТО и изрази надеж дека шпанските пратеници ќе успеат да го завршат процесот на ратификација на Протоколот до 12 февруари.
Прашан за денешната изјава на премиерот Заев за можно одложување на изборите доколку не се донесат суштинските закони, Груби рече дека ако има политичка волја и дијалог меѓу политичките партии ништо не би било пречка и сите закони можат да се усвојат во краток можен рок.
– Најважни се законите кои претходно ги спомнав и јас сум убеден дека со дијалог може да постигнеме решение за сите тие прашања затоа што и датумот кој го определивме за избори беше консензуално донесен кај претседателот Пендаровски. И затоа консензуално треба да се решаваат битните прашања, како што е Изборниот законик, датумот за избори, вклучително и ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, рече Груби.
Прашан што ќе се случи ако премиерот Заев побара од нив како коалициски партнер одложување на изборите, Груби рече дека тоа е хипотетичко прашање. Тој повтори дека се убедени во нивната победа и ако изборите бидат утре или на 12 април или кога било, ДУИ, како што рече, ќе биде апсолутен победник на овие избори.
Ново на Сител
-

Полициски службеници од Струга со раце и нозе тепале уапсено лице, иако било врзано со лисици
-

Во текот на јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми
-

Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври
-

Намален бројот на прегледи во Гостивар, засилени мерките против западнонилската треска
-

Опожарено возило во Скопје, сопственост на правно лице од Косово
-

Мицкоски: Законот за Скопје-Европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ, за да нема сомнежи ќе биде ставен на јавна расправа
-

Мицкоски: Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата, од Владата нема најава за укинување на Вториот пензиски столб
-

Безбедносна проценка: Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови
