Новогодишни концерти со класична, забавна и фолк музика во Ресен
![]()
Домот на културата „Драги Тозија“ од денеска до 27 декември во Ресен организира серијал новогодишни концерти.
Првиот организиран културен настан ќе се одржи вечер, на кој македонски народни песни ќе исполнат групите „Персиди“ и „Астра“ од Ресен, и „Романтик“ од Охрид. Вечер во Ресен ќе настапат и вокалните солисти Ташко Каранфиловски, Марија Митровска, Елена Сековска, Ѓорѓи Ставревски и Фросина Петкоска, како и членовите на КУД „Таше Милошевски“.
Според програмата, утревечер во Ресен ќе настапат локалните бендови „Инстинкт“, „Тротоар“, „Аутбрејк“ и „Сајленс бенд“, а гости ќе бидат Мартин Димитриевски, Благојче Кичуловски, Сашо Тасовски и Тони Карапанчевски.
За љубителите на класичната музика, в четврток во Ресенскиот сарај ќе се одржи предновогодишен концерт на класична музика, на кој ќе настапат Лила Миљовска, Гоце Милошевски, Љупчо и Игор Милевски и Јован Симоновски.
Серијалот новогодишни културно-забавни настани ќе заврши в петок кога претпладнето на плоштадот „Цар Самоил“ во Ресен ќе се одржи предновогодишен базар, со учество на деца од ликовната работилница при Домот на културата „Драги Тозија“ и ученици од основните и средните училишта во општината.
Вечерта за публиката во тој град ќе биде одиграна претставата „Новогодишна бајка“, реализирана во соработка со локална самоуправа, Дом на култура „Драги Тозија“ и НВО „Жар“.
Ново на Сител
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-

Уапсен гостиварчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта
