Европската федерација на новинарите со поддршка за регистарот на професионални онлајн медиуми
Европската федерација на новинарите (ЕФН) го поздрави Регистарот за саморегулација на професионалните онлајн медиуми во Македонија, инициран од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ).
– Ние веруваме дека новинарските организации треба да ги промовираат високите етички стандарди во новинарството од кои јавноста има корист. Тие се засновани врз пет принципи: вистината и точноста, независноста, праведноста и чесноста, хуманоста и одговорноста“, рече генералниот секретар на ЕФН, Рикардо Гутиерез. „Затоа, ЕФН ја поддржува оваа професионална иницијатива со цел зајакнување на саморегулацијата на медиумите во Македонија“, додаде тој, се вели во соопштението од ЗНМ.
Потсетуваме дека повеќе од 70 онлајн медиуми успеаја да влезат во Регистарот уште во првата фаза, а од 1 јануари идната година ќе биде ставена во функција и веб страницата www.promedia.mk која ќе има детали за сите членки на Регистарот.
Ново на Сител
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец
-
Фалсификувала билет и белгиски пасош за да патува до Истанбул, уапсена 32-годишна Турчинка
-
Приведен 40-годишен маж за тешка кражба