Целосно реконструирана улицата ,,Кеј на Брегалница” во Делчево
![]()
Заврши комплетната реконструкција на крак од улицата „Кеј на Брегалница“ во Делчево. Реконструкцијата се реализираше со финансиски средства преку Програмата за поддршка на имплементацијата на Стратегијата на Ромите, финансирана од Владата, преку Министерството за локална самоуправа, а вредноста на работите, како што информираа од Општината, изнесува 160 илјади денари.
– Пристапната улица е во должина од над 80 метри и им создаваше проблеми на жителите од населбата. Овде се лоцирани претежно станбени објекти за колективно домување, бидејќи во една урбана населба, тие газеа кал или поради оштетеноста на пристапната улица ги оштетуваа своите возила, нејзината реконструкција беше повеќе од потребна, информира Општина Делчево.
![]()
За оваа населба се подготвува проектна документација за изградба на уште една улица.
– Се работи за пристапна улица која ќе гради заедно со атмосферска канализација, со што веруваме дека со овие инфраструктурни зафати, одговараме конкретно на барањата на жителите, додаваат општинските власти.
Ново на Сител
-

Ирак прогласи тридневна жалост поради смртта на Хамнеи
-

ИДФ соопштија дека Хамнеи е убиен во „прецизна, обемна“ израелска операција
-

Убиени началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран и главниот командант на ИРЦГ
-

Иран го нападна аеродромот во Дубаи | ВИДЕО
-

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
-

Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
-

Илјадници Ирачани жалат за смртта на Хамнеи
-

Ирански ИРГЦ извести за одмазднички напади врз базите на САД и Израел
