Џафери: Доцна е за јавна дискусија за Изборниот зaконик
Доцна е да се организира јавна дискусија за Измените на изборниот законик, кои се носат по скратена постапка, а наредната недела треба дa почне и амандманската расправа, смета собранискиот спикер Талат Џафери. Предупредувањето на Џафери стигнува само ден откако претседателот на матичната комисијата за политички систем најави дека наредната среда планира јавна расправа за измените на Изборниот законик, по што, како што рече очекува да бидат повлечени околу шесте илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
- Деловникот не познава терминологија јавна расправа. Во деловникот се уредува јавна дискусија. Ако мислел на јавна дискусија тогаш треба во предлог законот во скратена постапка да стои барање за јавна дискусија, според членот 145 (од Деловникот) за што треба да одлучи Собранието. Но, тоа ќе значи дека законот нема да биде на иста седница и ќе се чека да се завршат сите процедури - вели Џафери.
Според него барање за јавната дискусија на скратена постапка можело да има само при утврдување на потребата за носење на ваквите измени, што не се случило.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи