-->
-->
„Медена земја“ во тесен избор за Оскар во две категории
-->

Документарниот филм „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влезе во потесен круг за наградите Оскар во две категории – за документарци и за странски филм, за 92-то доделување кое ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.
Американската филмска академија синоќа објави скратени листи за номинации за Оскар од филмовите што се кандидати за престижната награда.
Нашиот филм е меѓу 15 остварувања кандидадти за најдобар документарен филм селектирани од 159-те пријавени во оваа категорија.
Исто така, „Медена земја“ влезе и во потесен круг од 10 филмови за Оскар за најдобар меѓународен долгометражен филм, категорија во која беа кандидирани 91 филм. Конкуренција на нашиот филм во оваа селекција му е новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Болка и слава“ и јужнокорејскиот „Паразит“ на Бонг Јон-хо (добитникот на „Златна палма“) и уште седум филмови од Чешка, Естонија, Франција, Унгарија, Полска, Русија и Сенегал.
Номинираните во сите категории Академијата ќе ги соопшти на 13 јануари 2020.
Нашиот филм овој месец беше меѓу петте номинирани за најдобар документарец на Европските филмски награди за 2019. Во низата награди што ги доби овој месец е и признанието од „Њујорк тајмс“ за најдобар во 2019, две признанија на Интернационалните документарни награди во Лос Анџелес, најдобар документарец според њујоршките филмски критичари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер