Делови од Скопје и околината утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Коце Металец“ во општина Гази Баба утре од 8:15 до 10:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Грчец, а од 9:30 до 12:30 часот дел од корисниците од улиците „1“ и „5“ во општина Сопиште, како и селото Света Петка.
Во периодот од 9:30 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе се и корисниците од улиците „Индира Ганди“, „Гвадалахара“ и „Метохиска“ во општина Шуто Оризари, од 9 до 14:30 часот дел од корисниците од Стара Чаршија и Дуќанџик во оопштина Чаир, а од 9 до 15:30 часот дел од корисниците од улицата „Островска“ во општина Ѓорче Петров и делот од автопатот Скопје-Тетово пред обиколница за Ѓорче Петров.
Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Браќа Грим“, „Анреа Димишков“, „Кумановска“, „Лазар Димитров“ и „Добормир Хрс“ во општина Кисела Вода, а од 8:30 до 14:30 часот дел од корисниците од село Љубош.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро - системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
