Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово и натаму без договор за коалиција
Вчерашниот состанок на лидерите на двете партии победнички на октомвриските парламентарни избори во Косово, Албин Курти на Движењето Самоопределување (ВВ) и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како и неколкуте претходни обиди, заврши без договор за формирање заедничка влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
По завршувањето на состанокот во Собранието на Косово, кој траеше повеќе од три часа, синоќа пред новинарите се појавија шефовите на пратеничките групи на двете партии во последниот собраниски состав, Глаук Коњуфца (ВВ) и Авдулах Хоти (ЛДК), кои кратко изјавија дека договор за коалиција се уште не е постигнат, но дека преговорите не се прекинати.
– Можам да кажам дека вечерва немаме договор, изјави Коњуфца, додавајќи дека ќе се види во наредните денови како ќе се одвиваат настаните.
Хоти потврди дека договор не е постигнат, но најави дека средбите ќе продолжат во деновите што следат.
– И натаму не е се завршено. Се уште не сме дојдени до заклучок, така што ни треба да разговараме уште повеќе, ијави Хоти.
По ова членовите на раководствата и на преговарачките тимови на двете партии го напуштија Собранието, не дозволувајќи им на медиумите да им постават прашања.
До застој во преговорите меѓу двете досега опозициски партии, кои започнаа веднаш по објавувањето на првичните резултати од гласањето на 6 октомври, дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.
Ново на Сител
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата