Штрајк на косовското образование и на здравството

Обединетиот синдикат на образованието, науката и културата на Косово (СБАШК) и Федерацијата на синдикатите на здравството на Косово (ФСШК) денеска одржуваат штрајк во знак на револт поради одложување на примената на новиот Закон за плати од страна на косовскиот Уставен суд, јави дописникот на МИА од Приштина.
Двочасовен штрајк ќе се одржи во сите образовни институции, и тоа во детските градинки од 6.30 до 8.30, на сите универзитети од 8 до 10 часот и во сите основни и средни училишта во првите два школски часови во првата и во втората смена.
ФСШК објави дека денешниот штрајк на сите нивоа на здравството, со мото „Ги чекаме платите според новиот закон“, ќе трае од 7 до 15 часот и во тој период ќе се третираат само итни случаи.
Уставниот суд на Косово, на барање на народниот правобранител, ја одложи вчера за до 30 март идната година, примената на новиот Закон за плати, со кој се предвидуваше зголемување на платите на вработените во јавниот сектор.
Против оваа одлука на Уставниот суд реагираа и синдикатите на другите јавни сектори, меѓу кои и на полицијата и царините, кои исто така ја најавија можноста за штрајкови.
Ново на Сител
-

Пронајдена е жената што беше пријавена за исчезната во Куманово
-

Герасимовски: Воведуваме ваучери за користење на вештачка интелигенција - современа поддршка за младите во Центар
-

Полицаец пронашол марихуана на Тетовци па го нападнале
-

Ѓорѓиевски: Се реконструира улицата „Жил Верн“, продолжуваме да го уредуваме секој дел за побезбедна и поубава Кисела Вода и Скопје
-

Д-р Кузмановски мора да помине тримесечна обука и да полага испит за продолжување на лиценцата за работа, велат од Лекарска комора
-

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на вчерашниот ден подигнати 350 тони комунален отпад
-

Николоски: Касами да не се срами што Македонците во Тетово гласаа за него во првиот круг
-

Откриена лабораторија за производство на дрога во Неготино | ФОТО
