Проект на општина Теарце за локален пат потенцијал за регионална обиколница

Веќе постоечки проект на општина Теарце за локален пат Непроштено-Џепчиште-до Технолошко индустриска зона е потенцијалот за изградба на регионална делница која воедно ќе претставува обиколница за градот Тетово, смета градоначалникот Исен Асани. За оваа делница веќе се разговарало и на владината седница која се одржа во Тетово, а предлогот ќе го разработуваат и другите институции.
-Имавме основен проект со стандард за локален пат од 5,5 метри, но за регионален пат ингеренциите сега ги преземаат јавното претриајтие за државни патишта и Владата. Тој пат од Непроштено до ТИРЗ Тетово е витален пат и важен за сите четири општини кои гравитираат Тетово, Теарце, Јегуновце и Желино, рече Асани.
-За обиколницата се она што беше на седница, со сите градоначалници од регионот, сите идеи кои се дадоа детално се разгледуваат во ресорните министерства, следниот месец ќе се ви кажам што е следно, да ја кажеме вистинската состојба, рече министерот Сугарески.
На новинарско прашање за најавената, но нереализирана реконструкција на регионалниот пат Тетово-Јажинце, Сугарески со одговор дека делницата ќе биде рехабилтирана.
-Ако дозволуват временски услови сега, ако не наредната година, на крај на градежна сезона сме. Нема да остане нереализирано. Јавното претријатие за државни патишта, за сите програми, дали преку нивни или преку Светска банка или ЕБОР нешто што било нереализирано било ставено приоритетно за наредната година, рече Сугарески.
Ново на Сител
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
