Хуманитарна помош од ЈП Комунална хигиена- Скопје транспортирана во Албанија
Вработените во ЈП Комунална хигиена- Скопје собраа 208 пакети хуманитарна помош во вид на храна, облека, постелнина и хигиенски средства, а денеска во координација со Црвениот крст на РСМ беа испратени во местата погодени од земјотресот во Република Албанија.
– Премногу сум им благодарен на вработените во ЈП Комунална хигиена- Скопје што ја покажаа својата хуманост на дело, затоа што секој од нас и самиот лесно може да стане жртва на ваква елементарна непогода. Ќе настојувам хуманитарните акции во Претпријатието да станат традиционални, со цел да им помогнеме и на сите наши социјално загрозени сограѓани коишто имаат потреба од овој вид на помош, изјави директорот на ЈП Комунална хигиена- Скопје, Абдусамед Шабани.
Во текот на изминатата недела, ЈП Комунална хигиена- Скопје отвори пункт за собирање хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди соседна Р.Албанија.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје