Граѓански марш за почист воздух и здрава животна средина
Граѓанските организации денеска организираат протестен марш, против аерозагадувањето, кој ќе почне пред Министерството за животна средина и просторно планирање, а ќе заврши пред Владата.
– Ние, обединети граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места, кои застанавме зад организацијата на Марш за чист воздух – #ЗеленаРеволуција, бараме исполнување на барањата кои се плод на долгогодишна граѓанска активност и иницијативи за подобрување и решавање на многубројните проблеми со загадување и уништување на просторот во кој живееме во нашата земја, велат од граѓанските организации.
Барањата, сметаат тие, се остварливи, конкретни со рокови и одбрани по темелна анализа, затоа очекуваме посветеност и сериозно внимание за секое од нив.
– Не прифаќаме одговори дека ќе или се работи, дека е долготраен процес, најмалку дека треба да имаме разбирање зошто процесот е комплексен, тоа го знаеме – затоа и го разделивме на конкретни активности и барања во секоја област. Несфатливо е одолговлекување на конкретни активности како носење на закони кои стојат готови и чекаат одлука, некои и по пет години, како Законот за почва на пример, се потенцира во соопштението од О2 Иницијатива.
За граѓанските организации е несфатливо кочењето на одредени активности заради нефункционалност на една или две алки во системот, несфатливо е неспроведување на актуелни закони од една или друга институција или причина.
– Несфатлива е инертноста кога се во прашање 3.500 животи на ваши сограѓани секоја година и пораст на тешки канцерогени заболувања. Затоа бараме исполнување на сите точки за активниот граѓански сектор да не биде принуден револтот да го подигне на друго ниво и да премине во граѓанска непослушност и повик за бојкот на претстојните избори, затоа што е премината секоја граница на толеранција по долгогодишни институционални борби, велат активистите.
Маршот, посочуваат тие, е граѓански, мирен, натпартиски, мултикултурен и притоа се оградуваат од секакви политички влијанија. Секој е добредојден, велат организаторите, но без партиски обележја. Оваa заедничка платформа, највуваат граѓанските активисти, е само почеток и е производ на сите облици на граѓански активизам од годините наназад, поединечен или организиран, сплотен со младешката енергија на оние за кое ова го бараме, за нашата иднина.
Ново на Сител
-
Санкции за 161 возач во јули поради непрописно вградени фолии
-
Трамп верува дека Џеј Ди Венс ќе биде негов наследник
-
Четири лица загинаа при пад на медицински авион во американската држава Аризона | ФОТО
-
Националистички скандирања за Голема Албанија и Илирида за време на натпреварот Шкендија-Карабах
-
На Клиниката за детски болести се воведува формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување
-
Тројца пратеници од српското Собрание поднесоа кривични пријави против Ана Брнабиќ
-
Нетанјаху: Израел целосно ќе го порази Хамас во Газа
-
Кремљ: Подобрувањето на руско-американските односи ќе потрае