ОЈО: Негувателка осомничена за запуштање и малтретирање на две деца

Наредба за спроведување истражна постапка против негователка осомничена за запуштање и малтретирање на две деца од три години, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.
– Во временскиот период од 1 до 27 ноември, осомничената ангажирана за негување и чување на две деца на возраст од три години, грубо ја запоставувала својата должност за грижа и воспитување и ги малтретирала. Имено, таа постојано им викала и ги навредувала без причина, но и физички ги напаѓала со удари по главата и кубење на косата, се наведува во соопштението од ОЈО.
Мајката на децата во домот поставила безбедносни камери и при прегледот на видео записот го забележала малтретирањето и однесувањето кон децата, по што поднела кривична пријава.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор, со оглед на, како што информираат од ОЈО, постојат околности кои укажуваат дека осомничената би можела да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, да влијае врз сведоци чии искази се битни за утврдување на фактичката состојба или да го повтори кривичното дело.
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
