-->
-->
Украден дневен промет од скопски клуб за игри на среќа
-->

Вкупно 51.000 денари се украдени вчера вечер од автомат клуб за игри на среќа во Скопје, соопшти полицијата.
Кражбата ја сторило непознато маскирано лице кое околу 19:30 часот влегло во клубот на улицата „Наум Наумовски Борче“ и со пиштол и се заканило на вработената, подавајќи и кеса да го стави дневниот промет. Откако таа ги ставила парите, разбојникот го напуштил местото на настанот и се упатил во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
