Сасоли: Блокадата на Скопје и Тирана покажува дека се потребни реформи во ЕУ
Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли одговарајќи на новинарско прашање ја издвои блокадата на Македонија и Албанија во Европскиот Совет како пример зошто е потребна промена на правилата во Европската Унија.
Европскиот парламент е во процес на размислување за реформи во повеќе области на процесот на одлучување на ЕУ, како на пример во делот на правото на вето, на законодавната иницијатива на Парламентот, како и консултациите со националните парламенти, за да обезбеди пофункционална Европска Унија, порача шефот на Европарламентот.
– Видовте што се случи на последниот Совет, Парламентот, Комисијата, претседателството и 25 од 28 земји членки рекоа „да“ за почеток на преговори со Македонија и Албанија, но одлуката беше блокирана од три земји, затоа мислам дека е добро да ги ревидираме нашите правила, изјави Сасоли.
Како што јави дописничката на МИА од Брисел, тој истакна дека правилата на ЕУ се добри само ако водат до позитивни резултати и ги повика и медиумите да помогнат во пренесувањето на пораките на Парламентот и другите европски институциите.
Ново на Сител
-
Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи во овие тешки мигови
-
Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани
-
Уапсен 34 годишен кумановец, се заканувал на 28 годишна жена со која се познавале од претходно
-
Приведен 46 годишен тетовец, со воздушна пушка ја повредил сопругата на неговиот брат
-
Акција во општина Карпош за проверка на хидрантската мрежа во зградите
-
Пред македонската Амбасада во Белград граѓани оддадоа почит за загинатите во Кочани
-
Приведен 25 годишник, се обидел да избега со „ауди“ и удрил во паркирано возило на МВР
-
Удрен 58 годишен скопјанец со возило, возачот го напуштил местото на настанот