Со мали инциденти заврши одбележувањето на годишнината од студентскиот бунт и падот на хунтата во Атина

Со мали инциденти во атинската населба Ексархија што важи за собиралиште на анархисти, со една повредена девојка, нападнат новинар и со 28 уапсени и 13 приведени лица заврши одбележувањето на 46-годишнината од студентскиот бунт и падот на хунтата, јави дописничката на МИА од Атина.
Инцидентите се случија откако заврши официјалниот дел односно протестниот марш од Политехничкиот факултет до Aмбасадата на САД, откако група маскирани лица со пиротехника, предмети, неколку молотови коктели и слично ја нападнаа полицијата, која одговори со солзавец и шок бомби.
Населбата Ексархија беше под големо полициско обезбедување, а неофицијално девојката е повредена од страна на полицијата.
Како што претходно објави МИА, најмалку шест лица беа уапсени во населбата Ексархија неколку часа пред тензиите, во акција на полицијата за спречување инциденти.
Уапсената група била на тераса на зграда, а биле пронајдени меѓу другото и молотови коктели, гас маски, камења и друго.
Во изминатите години, одбележувањето на 17 ноември завршуваше секогаш со инциденти токму во Ексархија, а непознати лица ја напаѓаа полицијата со молотови коктели од зградите во населбата. Нешто што денеска не беше случај.
Протестниот марш од Политехничкиот факултет, од каде што започна бунтот во 1973 година, до Амбасадата на САД помина мирно и масовно, а заедно со блокот на СИРИЗА кусо на почетокот од маршот беше и поранешниот грчки премиер и лидер на партијата, Алексис Ципрас.
До Американската амбасада заедно со членови на неговата партија маршираше и лидерот на МЕР25, Јанис Варуфакис.
Центарот на грчката престолнина денеска беше под силно полициско обезбедување, а само пред Амбасадата на САД имаше 18 полициски автобуси.
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
