-->
-->
Осквернети еврејски гробишта во Данска
-->

Повеќе од 80 гробници се осквернавени на еврејските гробишта во Данска, што се доведува во врска со претстојното оодбележување на годишнина од „кристалната ноќ“. Инцидентот се случил во градот Рандерс во западна Данска, а полицијата отвори истрага.
„Повеќе од 80 надгробни споменици се исцртани со зелени графити а дел од нив се уништени“ соопшти полицијата. Се наведува дека се работи за можна антисемитска акција, но извршителите не оставиле никакви експлицитни анти-еврејски пораки или симболи. Како се наведува, полицијата не открила кога гробиштата точно биле уништени. Гробиштата во Рандерс се основани кон крајот на 19 век, а градот има најголема еврејска заедница надвор од Копенхаген.a
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември
-

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен
-

51-годишна Србинка „летала“ со 168 км/ч на патот Демир Капија – Гевгелија, уапсена на Табановце
-

Шести смртен случај од западнонилска треска, 26-годишник најмладиот хоспитализиран пациент
-

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците
-

Го грабнале и тепале за да признае дека ја силувал сопругата на едниот од нив, двајца кавадарчани осудени на вкупно 10 години затвор
-

Полска бара Мета да биде казнета со 250 милиони евра поради лажни огласи
-

Сахарска прашина над Македонија и пеколни температури за продолжениот викенд
