ВМРО-ДПМНЕ: Не се реализирани 98 отсто од ветените проекти
Мандатот на СДСМ и Зоран Заев помина, а 98% од проектите кои ги ветија во предизборната програма се нереализирани. Ништо од тоа што го ветија не исполнија.
Енергетскиот сектор во државата наместо да се унапреди, се уназадува.
Зоран Заев вети дека ќе го пренамени ТЕЦ Неготино и од него ќе направи енергетско земјоделски комбинат. Тоа не се случи.
Власта во заминување вети изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. На крај на мандат се, а не преземале ни административни чекори за отпочнување на проектот.
СДСМ ветуваше примена на најсовремени еколошки стандарди во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј. Ништо конкретно не преземаа за ова три години.
Гасификацијата која ја најавуваа во секој предизборен митинг, собир и спот не е мрдната од мртва точка.
Македонија требаше да се поврзе со националните гасоводи на Грција и Бугарија како дел од Трансадриатик цевководот, но Зоран Заев и тоа го излажа и ништо не направи.
Не е ниту на повидок фотоволтаичната електрана крај ТЕЦ Осломеј, која требаше да почне со работа 2020 година.
Енергетиката е запоставена. Цел мандат СДСМ потроши без да направи еден проект. Но наместо инвестиции во енергетиката имаше испумпување пари од енергетските објекти на сметка на фирми блиски до владејачкото семејство.
И додека прашање на ден е кога следен пат ќе изгасне некој од блоковите на ТЕЦ Битола и ќе треба да увезуваме струја, Заев си кажува вицови за тепсии.
На 12-ти април доаѓа крајот на оваа неспособна власт. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-
Нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар
-
Во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во Ирак активиран системот за воздушна одбрана
-
Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
-
Иран кон двата најголеми градови во Катар испука 6 балистички ракети | ВИДЕО
-
Иран ги нападнал американските бази во Катар
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите