-->
-->
Сопружници од Делчево повредени во сообраќајка кај Виница
-->

Вчера во 11.40 часот на магистралниот пат Кочани - Делчево, на место викано „Каменолом-Драка“, атар на Виница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „нисан“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(71) од Делчево и товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С.(31) од Кочани.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатничка од истото возило Ј.С.(67), по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Кочани за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Виница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
