Македонија
5. November 2019 - 12:05

Општина Кичево со повик за правни и физички лица за плаќање данок на имот

Правните и физичките лица кои поседуваат имот на територијата на општина Кичево, а немаат добиено решенија за плаќање данок за 2019-та, се обврзани да дојдат во Општината и сами да си подигнат, додека оние на кои решенија им се уредно доставени, да ги подмират обврските.

Ова е содржано во повикот што го објави Општина Кичево и со чие стапување во сила од денот на објавувањето, ќе се смета дека лицата (правни и физички) се информирани во писмена форма.

-Негативните последици како присилна наплата, парична казна, дополнителни трошоци,… кои евентуално може да настанат, ќе ги подмири самата странка. Доколку сте извршиле наплата која не е евидентирана, или е потребно нивелизација врз основа на данок, Ве молиме да се обратите до Општина Кичево, се вели во соопштението од Службата за односи со јавност на Општината упатена преку медиумите.