За сите пешаци - Еве што треба да направите ако ве испрскаат на тротоар
Несовесни возачи на автомобили честопати во трката да стигнат час поскоро не се ни обидуваат да ги избегнат вирчињата на патот, па водата редовно завршува во некој пешак што оди крај улиците. Покрај премините на семафори, граѓаните велат дека уште полоша е ситуацијата кога минуваат пешачки премини. Во тие случаи велат дека возачите воопшто не внимаваат дали има пешачи.
За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото. Според Секторот за внатрешни работи - Скопје, казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или, пак, полицаец да биде сведок на настанот.
Според членот 129 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возач што се движи по коловоз на кој има вода е должен да го приспособи возењето така што нема да ги испрска пешаците, велосипедистите, моторџиите и слично.
Според регулативите, сообраќајниот полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, што значи дека мора да биде сведок на делото за да следува казна за несовесниот возач. Другата опција на докажување е да го задржите возачот што ве испрскал додека дојде полициска екипа, па потоа тој да го признае делото.
Според законот, граѓаните можат да пријават прскање од несовесен возач на телефонскиот број 192. Според Законот, казната за ова дело е 35 евра во денарска противвредност, или 15 негативни поени впишани во возачката дозвола.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата