Мицотакис во четиридневна посета на Кина
Привлекување инвестиции, дополнително зајакнување на бизнис врските на двете земји, како и вклучување на Грција на светската економска мапа се главите цели на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на четиридневната посета на Кина и учеството на Грција на Меѓународниот саем за увоз во Шангај, јави дописничката на / од Атина.
Заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите во вторникот рече дека Мицотакис, за време на посетата, на неговите соговорници ќе им го претстави големиот број динамични сектори и можностите што ги нуди грчката економија.
– Особено во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија, во логистиката и трговскиот транспорт, каде што веќе има силен кинески интерес, преку инвестицијата на COSCO на пристаништето Пиреја. И секако, во туризмот и пазарот на недвижности. Стотици кинески граѓани веќе ја искористија програмата Golden Visa. До крајот на септември, кинеските граѓани зеле 65 отсто од дозволите за престој дадени за минимална инвестиција од 250.000 евра, рече Пецас.
На саемот, Грција е една од почесните земји учеснички, а во грчката делегација се претставници на 60 грчки компании од различни области, а се предвидени и директни средби со над 200 претставници на кинески компании за да се разгледаат можностите за соработка.
Во понеделник ќе се одржи и Бизнис форум на кој што ќе присуствува и грчкиот премиер, како и претставници на кинеската Влада, а предвидена е средба на Кирјакос Мицотакис со кинескиот претседател.
Ново на Сител
-
Јаневска: Ќе има учебници по сите предмети и во основното и во средното образование
-
Невреме со јак ветер во Скопје, неколку пожари и материјална штета
-
Изгаснат пожарот во прилепската населба Варош
-
По растот на БДП во првиот квартал, Мицкоски очекува растот да продолжи во вториот и третиот квартал годинава
-
Ненадејно почина психијатарот и ексдиректор на „Здравствен дом Скопје“ Виктор Исјановски
-
Пет активни пожари претпладнево во земјава
-
Евробаскет: Втори победи за Србија и Финска
-
26-годишен скопјанец приведен во станица, се заканувал на лекар