Роскосмос ќе и помага на НАСА во испраќање астронаути на ИСС

Руската државна вселенска корпорација Роскосмос ќе и помогна на американската вселенска агенција (НАСА) во испраќање астронаути на Меѓународната вселенска станица (ИСС), изјави денеска директорот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.
– Ќе се обидеме да им помогнеме на нашите американски колеги и ќе ги направиме нашите екипажи покомпактни, посочи Рогозин.
Тој додаде дека тоа ќе влијае врз руските планови за изведување на научни експерименти во рускиот сегмент на вселенските станици.
Рогозин наведе дека примил „топло” писмо од директорот на НАСА, Џим Брајденстајн, во кое го известува за доцнењето на летовите на комерцијалните вселенски бродови за самостојно испраќање на астронаути до орбиталните станици и оти ќе бидат потребни дополнителни испитувања за повторна проверка на системот за спасување во итни случаи.
– Поради тоа на американската страна можеби ќе и бидат потребни дополнителни седишта (во сојуз) во 2020 и 2021 година. Ние поаѓаме од принципот на партнерство и одлучуваме како да ги исполниме тие барања, истакна Рогозин.
Ново на Сител
-

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
-

Израелскиот Национален совет за безбедност повика на зголемена будност во странство
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
