Стерјовски и Колефски се сретаа со директорот на албанскиот катастар
Пратеникот во албанскиот парламент од Македонска алијаса за европска интеграција – МАЕИ, продолжува со неговите заложби за надминување на проблемите со кои се соочуваат Македонците во Албанија.
Во тие рамки денеска, со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски остварија работна средба со директорот на Државната агенција за катастар, Артан Ламе.
-Разговаравме за регистрацијата на имотите во Општина Пустец во Државната агенција за катастар, како и за легализација на објектите изградени пред и после 1991 година на територијата на Општина Пустец. Се договоривме најбрзо што може, работна група од Агенцијата, да ја посети Ожопштина Пустец и заедно со преставниците на општината да ги верификуваат објектите кои што треба да се легализираат и да се изготви потребната документација за легализација на овие објекти, со цел нивните сопственици да добијат имотни листови, изјави Стерјовски.
Градоначалникот Колефски за МИА изјави дека во општината има околу 180 диво изградени функционални објекти, чии сопственици имаат поднесено барања за легализација со потребната документација.
-Проблем е во тоа што државното земјиште што е во сопственост на Општина Пустец нема имотен лист и општината губи приходи од тоа што не може да го издава под закуп. Друг проблем е со дивоградбите кои се изградени изминатите триесеттина годин, а не се легализирани затоа што територијата на Општина Пустец е дел територијата на Националниот парк „Преспа“ и има статус на заштитено подрачје,додаде Колефски.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ и Алкараз си закажаа полуфинале на УС Опен
-
Санчез: Двојните стандарди на ЕУ за Украина и Газа го поткопуваат кредибилитетот на Европа
-
Пожарите кај Вардариште, во Долнени, Кожуф, Јасен и Липково ставени под контрола, во моментов нема активни пожари
-
Со соочување на психијатриските вештачења за Раде Трајковски продолжува судењето за случајот „Штекли“
-
Зеленски: Расте дрскоста на Русите
-
ИДФ: Убиен водачот на Муџахединските бригади во Газа
-
Трамп соопшти дека САД нападнале брод со дрога кој тргнал од Венецуела, загинале 11 припадници на банда
-
Си Џинпинг ја покажа моќта на Кина на воена парада со присуство Путин и Ким Џонг-ун