Шекеринска: Секој припадник на Армијата ќе добива месечен надомест од околу 7.000 денари

Секој припадник на Армијата, без разлика дали се работи за воен или за цивилен персонал, од 1 март следната година ќе добива месечен надоместок од околу 7.000 денари за таканаречната закупнина или станарина за решавање на станбеното прашање, истакна денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Таа посочи дека новото решение предвидува апсолутно користење на првато на закупнина за секој припадник на Армијата.
– Вкупната сума која Министерството за одбрана за следната година ќе ја искористи од својот буџет и ќе ја насочи кон припадниците на својата Армија изнесува над седум милиони евра и оваа сума ќе влезе во буџетите на над 6.000 семејства во нашата земја, нагласи Шекеринска.
Таа наведе дека новото законско решение за користење на средствата за закупнина нема да важи само за припадниците кои добиле станови од поранешна ЈНА.
– Наша цел е да влеземе во НАТО со Армија која ќе биде горда и на својата припадност и на својата земја. Армија која ќе биде мотивирана, посветена на своите задачи и соодветно наградена од државата. Неодамна реков дека не се менуваме ради НАТО, туку се менуваме поради самите себе, поради нашите потреби, заради желбата да живееме подобро и да имаме подобра држава. Нашите војници, старешини, сите офицери, припадници на Армијата вложуваат секојдневно во себе, преку тренинзи, преку обуки преку други активности којшто им го овозможуваме заедно со идните наши сојузници. Ред е и државата да продолжи да вложува во нив, потенцира министерката за одбрана.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
