Македонија
29. October 2019 - 12:26

Судар на две возила на патот Гостивар - Градец, еден возач тешко повреден

Вчера утро во 08.35 часот на регионалниот пат Гостивар - с.Градец се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел зафира“, управувано од Х.И.(62) од с.Врбјани и патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Н.Б.(61) од с.Добри Дол, и двете со гостиварски регистарски ознаки.

По незгодата, Х.И. бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Гостивар.