СДСМ: Дополнително 421 лице добива средства за самовработување, оперативниот план за вработување дава резултати

Со ребалансот на Буџетот за 2019 година дополнителни 421 лице добиваат неповратни средства од Програмата за самовработување.
Овие лица по успешно изработениот бизнис план набрзо ќе може да ги регистрираат своите фирми и ќе почнат со работа.
Самостојните корисници добиваат грант предвиден со Оперативниот план за 2019 година до 5.000 евра, односно до 10.000 евра ако се двајца содружници.
Оперативниот план за вработување дава реални и видливи резултати. Тоа е една од клучните мерки за намалување на стапката на невработеност, која денес изнесува рекордно најниски 17,5 отсто.
Владата предводена од СДСМ е посветена на заложбите за поголема поддршка на отворање нови бизниси. Доказ за тоа е фактот што во последните 3 години, средствата за Програмата за самовработување се зголемени повеќе од два пати во споредба со периодот од 2007 до 2016 година.
СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат намалување на невработеноста, отворање нови и добро платени работни места, повисоки плати и повеќе пари назад кај граѓаните.
Ново на Сител
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
-

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
-

Студија: Кај младите што користат електронски цигари забележан пад на белодробната функција по само една годинa
-

Руската вакцина против рак даде резултати, кај првиот пациент метастазите се повлекоа
