Заев утре во Рим на средба со Конте и во Брисел на работна вечера со Могерини

Премиерот Зоран Заев утре оди во Рим на средба со претседателот на италијанската Влада, Џузепе Конте, по што ќе замине за Брисел каде што ќе учествува на прошталната работна вечера на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан.
Заев патува во Рим на покана од Конте, кој по состанокот на Европскиот совет во Брисел на кој беше одложена одлуката за старт на преговорите со Северна Македонија, најави дека ќе побара повторно отворање на прашањето за проширување на ЕУ во ноември.

Заев минатата недела во ТВ интервју потврди дека со Конте ќе разговараат за проширувањето што треба да биде тема на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), најавен за 19 ноември.
Премиерот на Италија, Џузепе Конте, по состанокот на европските лидери во Брисел на кој не беше донесена одлука за старт на преговрите со Скопје и Тирана, оцени дека тоа е историска грешка. Најави дека ќе побара да се поправи грешката и повторно да разговара за датумот за преговори со Северна Македонија и за Албанија веќе во ноември.
Ново на Сител
-

Променливо време во наредните денови
-

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
-

11 возачи возеле без возачка и со активна забрана за управување моторно возило, од нив двајца се малолетници
-

Малолетник прегазен на булевар во Куманово
-

Лишен од слобода крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор
-

Во Јапонија откажан Фестивалот на цветање на црешите поради несовесни туристи
-

Норвешка одвојува 86,4 милиони евра за фондот за поддршка на енергетиката на Украина
-

Вo јануари остранети 2765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
