Американското Министерство за правда отвори истрага за истрагата на обвинителот Малер
Новата истрага потекнува од внатрешната ревизија на министерството за „корените“ на истрагата на Малер, која заврши во март.
Претседателот Доналд Трамп со месеци бара „истрага за истрагата“, тврдејќи дека таа не само што била „лов на вештерки“, туку била и противзаконска, пренесува „Гласот на Америка“.
Федералниот обвинител, кој од мај спроведува ревизија на истрагата на Малер, сега доби овластувања да спроведе кривична истрага, што значи дека ќе може да издава задолжителни покани и да свика голема порота.
Ревизијата во мај ја побара министерот за правда, Вилијам Бар, кој изрази сомнежи за мотивите за отворањето на истрагата на ФБИ за можната координација меѓу изборниот штаб на Трамп и Русија.
Критичарите на Трамп остро го осудија отворањето на истрагата, особено конгресмените Џери Надлер и Адам Шиф, кои во заедничка изјава рекоа дека владеењето на правото ќе биде непоправливо нарушено ако Министерството за правда се користи како средство за политичка одмазда или за да му се помогне на претседателот пред следните избори.
Претседателот Трамп рече дека не е запознаен со деталите на истрагата, но дека „истражителите треба да бидат истражени“.
„Не можам да ви кажам што се случува, но ќе ви го кажам ова. Ќе видите ужасни работи. Многумина знаат дека се во неволја затоа што биле нечесни. Јас сè им оставам на министерот за правда и на луѓето што работат со него, а кои не ги знам, но мислам дека ќе видите работи во кои никој нема да може да верува. Ова е најлошата измама во историјата на нашата земја “, рече Трамп.
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД