Форум за туристичките потенцијали на Општина Велес
Велес е најголема општина во Вардарскиот плански регион со голем број туристички атракции. Годишно покрај Велес по автопатот Е -75 што се наоѓа на коридорот 10 на пат кон соседна Грција, транзитираат 3,5 милиони туристи од Србија, Унгарија и други земји од Централна Европа, но државата и општината досега малку направиле да ги задржат овие транзитни туристи.
На Форум што беше одржан вчера во Велес беше истакнато дека малку е познато во јавноста дека велешкиот регион има најразвиена палентологија на Балканот со многу фосилни остатоци, од пред илјадници години, истакна професор д-р Науме Мариноски од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и посочи дека тоа е посебна туристичка атракција која треба да им биде понудена на туристите.
-Овие локалитети во Велешко од кој најпознат е кај село Караслари имааат едукативно, научно истражувачко значење. Според тоа, различна туристичка клиентела може да ги посетувa, но за тоа треба да се организира просторот, да се обележи и да се направи сигнализација и визуелизација, посочи Мариноски.
Како втор атрактивен локалитет го посочи Пешти, клисура на реката Бабуна, потенцирајќи дека нуди можности да се види клисурата и ретките растителни и животински видови и над 50 пештари, кои можат да бидат една од интерсените туристички дестинации во велешкиот простор.
Тој информира дека е вклучен во работата на една стратегија за развој на туризмот во земјава во која се бара изнаоѓање нови атрактивни локации и ќе предложи и побара Пешти како интересен локалитет да се вметне во таа стратегија.
Билјана Пејовска Ристеска, извршна директорка на Стопанската комора за туризам како втор излагач на Форумот, потенцира дека за туристичката дестинација да биде препознатлива треба да се направи производ конкурентен и препознатлив на домашниот и меѓународниот пазар.
– Но, за да се оформи тој бренд, слоганот, името и имиџот треба да биде кратко во вид на една кратка порака која ќе влијае до свеста на потрошувачот за вас да ве изберат како посакувана туристичка дестинација, појасни Пејовска Ристеска.
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина