-->
-->
Снајперисти, специјалци, пукање од хеликоптер - МВР ја спроведе вежбата „Плен“
-->

„Ефикасно изведените вежбовни активности се плод на континуирана професионална и стручна едукација, тренинг и обука на полициските службеници, кои пак се јасен показател дека полицијата е подготвена да ги заштити јавниот ред и мир, сигурноста на граѓаните, безбедноста на државата во целина“
Ова, меѓу другото, денеска го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето до припадниците на повеќе полициски единици при МВР, учесници на оперативно-тактичката вежба “Плен“, што се одржа во Полицискиот центар “Ѓорче Петров“ во Скопје.
Министерот Спасовски вежбата ја проследи заедно со неговиот косовски колега министерот за внатрешни работи Екрем Мустафа, кој ја предводеше делегацијата од соседната држава, со која денеска беше потпишан и Протоколот за соработка меѓу двете министeрства за создавање на работни тимови со цел решавање на прашањата кои се појавуваат во текот на меѓусебната соработка.
„Интенцијата е да се динамизира и продлабочи меѓусебната соработка во многу области на полициското делување од заеднички интерес за нашите две земји и нашите граѓани, како и размената на информации за конкретни случаи во соработката“, потенцираше министерот Спасовски.
Истакнувајќи ја важноста на припадниците на полицијата, министерот Спасовски пред учесниците на вежбата ја подвлече заложбата за што поквалитетни предуслови за работа: „Со задоволство можам да ве известам дека во наредниов период, а најдоцна до крајов на 2019, ќе следи целосна реконструкција на кошаркарските и одбојкарските игралишта, овде, во полицискиот центар, а на почетокот на 2020 се очекува тие да бидат ставени во функција. Планирано е на почетокот на ноември да ги промовираме и новите десет интервентни комбиња наменети за единиците ЕБР, ПЕП и ЕСЗ, а до првата половина на декември веќе е нарачана и ќе пристигне спортската опрема за сите припадници на единиците ЕБР, ЕСЗ и за ПЕП, како и 300 комплети опрема за интервенции при нарушен јавен ред и мир, кои до крајот на годината ќе бидат испорачани“.
Инаку на показната вежба чие што сценарио беше замислено како разбојништво извршено од страна на тричлена група во јавна установа – музеј, од каде што се земени вредни артефакти, припадници на повеќе опрганизациони единици (Одделите за специјални полициски операции и за воздухопловни сили, како и припадници на СВР Скопје и Регионалниот центар за гранични работи Север) презентираа полициска операција на лоцирање и елиминирање на разбојниците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
-

Бесплатен влез на натпреварите на Македонија за најмладите фудбалери
-

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа
-

Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени
-

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра
