Јункер: Комплицирана ситуација ако Британците го отфрлат договорот
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер предупреди дека ситуацијата ќе стане „исклучително комплицирана“ доколку Парламентот на Велика Британија утре го отфрли договорот за излез на Велика Британија од ЕУ.
– Ако тоа се случи, ќе се најдеме во исклучително комплицирана ситуација, рече Јункер синоќа, на крајот од првиот ден на самитот на ЕУ.
Земјите-членки на ЕУ едногласно го усвоија постигнатиот договор пред самитот, но британскиот премиер Борис Џонсон ќе мора да се бори за негово усвојување во Лондон.
Исходот е неизвесен затоа што Демократската унионистичка партија на Северна Ирска (ДУП), чии десет пратеници ја поддржуваат конзервативната малцинска Влада, одбива да го поддржи договорот.
Лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин ги повика пратениците да го „отфрлат“ договорот.
Британскиот Парламент утре ќе одржи вонредна седница, но поради ставовите на лабуристите и ДУП усвојувањето на договорот е малку веројатно.
Велика Британија на 31 октомври треба да ја напушти ЕУ, а претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека „во случај на барање за одложување на Брегзит, ќе се консултира со членките“.
Сепак, Јункер рече дека постигнатиот договор „значи дека веќе нема потреба од одложување“. Таквото барање треба да го упати Џонсон.
Ново на Сител
-
ЦУК: Жителите на Куманово да не ја пијат водата од ЈП „Водовод“
-
Одбележување на денот на семејството, НТЦ семинар со д-р Ранко Рајовиќ
-
Избирачкото место 1272 во Охрид отворено навреме, гласањето се одвива непречено
-
ЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили
-
Прегласувањето во Струга почна навреме, процесот тече непречено
-
Се прегласува во село Ларце, Општина Желино, процесот се одвива без проблеми
-
Најмногу дожд во Велес 20 литри на квадрат
-
Доналд Трамп најави правни мерки против автори на филм за неговиот живот