Заев: Санкции за сите одговорни, без оглед на функцијата
Кога некое лице ќе биде осомничено, обвинито или слично тогаш ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност, вратите се отворени секогаш за секого, рече денеска премиерот Зоран Заев, прашан дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој ќе се утврди одговорност по неофицијалните објави во дел од медиумите за проширување на истрагата за „Рекет“ со функционер од власта.
– Секогаш стоиме на своите ставови. На доаѓање ја добив информацијата дека има соопштение или изјава кое, како што вие кажувате, се однесува на потпретседател на Собрание, рече Заев.
Навреме, како што дополни, ќе ги соопштат ставовите откако ќе прочитаат и видат за што е осомичено лицето, дали е обвинито…
– Ако се бориме за владеење на правото и еднаков третман на сите тоа треба да го испочитуваме без разлика дали тоа се однесува на сите нас како носители на одредени партиски или општествени функции, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на мерката за ваучери за клима инвертори.
Нагласи дека како Влада принципилно стојат на ставот за владеење на правото и правна држава.
– Ако сакаме да чекориме кон правна држава како што сите ја посакуваме, законот мора да важи еднакво за сите, никој да не се затскрива зад каква било партиска, општествена или друга функција. За да испратиме порака дека судиите и обвинителите треба да се водат од аргументите и доказите, постапките да се транспратентни и да се воспостави правен систем во кој граѓаните ќе веруваат како систем на вредности заснован на законите и Уставот, изјави премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица

