„Титаник“ продолжи со изведување докази
Со изведување на материјални докази денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“.
Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 5.400 од над 5.900 предложени материјални докази од обвинителството.
Се изведуваат скенирани документи од судаки записници и решенија, како и лични документи, барања и одлуки.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Случајот го отвори СЈО, за потоа да го преземе државното Јавно обвинителатво.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај