Бајден одговори на Трамп за обвинувањата околу Украина
Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, кој е во трка за номинација претседателски кандидат од демократите, одговори на обвинувањата на претседателот Доналд Трамп за релациите на членови од неговото семејство со Украина.
-Не заминувам никаде. Нема да ме уништи ниту мене ниту моето семејство. Трамп знае дека нема вистина во овие обвинувања. Секоја независна медиумска организација што продлабочено ги разгледала обвинувањата, укажа дека сето тоа е чиста лага, изјави Бајден на митинг во Невада.
Тој истакна дека неговиот ангажман во Украина бил едниствено во полза на борбата против корупцијата во таа земја.
Во меѓувреме покрај повикот до Украина, Трамп истакна дека и Кина треба да започне истрага за Хантер, синот на Бајден, во таа земја.
Демократите укажуваат дека ова е уште еден доказ за засилување на истрагата за импичмент на Трамп.
-Со повикот до Кина, земја које е главен стратешки противник на САД, да истражува за наш поранешен ценет потпретседател, Трамп покажува целосна некомпетенност. Тоа е незаконски и неморално, изјави Николас Барнс, поранешен амбасадор на САД во НАТО.
Повикот на Трамп дo Кина да истражува за Бајден од кампањата на поранешниот потпретседател оценија дека е сличен со неговата позната покана до Русија да ги најде електронските пораки на Хилари Клинтон.
– Грд избор меѓу лагата и вистината, меѓу себе и својата земја, изјавија од кампањата на Бајден.
Ново на Сител
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница